- Долготраен
- Одлична завршница
- Прилагодлив на секаква површина
- Прифатливи цени за поголеми количини
- Комплексен
- Не е Eco-friendly
- Не е практичен за мали компании
- Колку повеќе бои толку повисока цена
Screen printing, веројатно сте слушнале за овој процес? Доколку не сте, тоа е популарен метод за пренесување живописни, долготрајни графики на различни површини. Овој метод на печатење е идеален за големи нарачки поради неговиот едноставен и ефикасен процес.
Но сепак не е сè розево. Screen printing-от си има и свои недостатоци – не е најпрепорачлив за мали нарачки или за on-demand печатење, бидејќи цената може вртоглаво да расте во зависност од комплексноста на дизајнот или со додавање на секоја дополнителна боја на печатот.
Но и покрај сите овие предизвици кои со себе ги носи, screen printing методот, сепак останува прв избор за создавање висококвалитетни принтови. Со цел уште подобро да го разјасниме овој метод на печатење, ви издвоивме неколку предности и предизвикувачки моменти кои треба да ги имате во предвид.