Цвејо

Печатење на етикети – никогаш полесно

Печатењето на етикети за вашите производи никогаш досега не било толку лесно. Отсега, процесот на нарачка и изработка ќе биде буквално за неколку работни дена.

Со огромно задоволство би сакале да ви најавиме дека започнавме со производство на етикети на ролна, за машинско или рачно нанесување, услуга која беше подолго време барана од стана на повеќе наши клиенти и партнери. Секако дека ние ги следиме потребите на нашите клиенти и секогаш се обидуваме да им излеземе во пресрет на вашите потреби.

Брза и лесна изработка на етикети на ролна за рачно или машинско нанесување на секаков тип на производи, со можност за прилагодување на формата и променлива содржина со сериски броеви, баркод или други спецификации. Формата отсекогаш била комплицирана тема, но отсега ќе можете да ги добиете вашите етикети во различни форми и димензии, без оглед дали се работи за кружни или етикети со рабови, со остра или заоблена завршница. Изборот на различни типови на хартија ни овозможува да ги задоволиме сите потреби, па така без оглед дали се работи за етикети кои се нанесуваат на хартија, стакло или пластика, вашите производи ќе добијат неверојатна трансформација и модерен и привлечен ефект.

Контактирајте нè за понуди и за сите останати барања. Процесот на нарачка е едноставен, немате потреба од подготовки за печатење и скапи штанци. Ваше е само да ни го испратите дизајнот во прилагодлив формат, а оттука ние ќе ја преземеме работата. Ефектот е неспоредлив, а резултатот очигледен.

Select the fields to be shown. Others will be hidden. Drag and drop to rearrange the order.
  • Image
  • SKU
  • Rating
  • Price
  • Stock
  • Availability
  • Add to cart
  • Description
  • Content
  • Weight
  • Dimensions
  • Additional information
Click outside to hide the comparison bar
Compare