Скроени по ваша мерка - Персонализирани производи кои оставаат силен впечаток
Користејќи ја технологијата, ги оживуваме вашите персонализирани идеи и концепти со неспоредлива прецизност и квалитет.
Персонализирано означува нешто лично, прилагодено според желбите и барањата на секој клиент. Знаеме колку е личен и важен секој подарок, секоја покана или секоја маичка, па затоа создадовме услуги кои ќе одговорат на сечија потреба, земајќи ја во предвид комплексноста, но истовремено и важноста да го испорачаме она што ќе остави траен белег и личен печат врз било кој производ, без оглед дали се работи за хартија, текстил или друг тип на материјал.

Печатење
Нашите услуги за персонализирани или производи по нарачка вклучуваат:
- Печатење на хартија: Покани за свадби, крштевки, роденденски покани или друг тип на покани, вие нарачувате, ние испорачуваме. Ќе ги направиме вашите идеи да станат реалност само за миг. Имаме голем избор на типови на хартии со различни бои, материјал или дебелина, за да ги исполниме сите ваши желби и потреби.
Печатење на влезници и билети за секаков тип на настани од повеќе индустрии, влезници за спортски натпревари или билети за културни настани како концерти, театар или изложби.
Изработуваме благодарници, плакети, дипломи во различни формати, промотивни постери за настани во повеќе димензии.
Изработувме приспособени календари, каталози и други принт материјали од хартија по најразлични спецификации.

Брендирање облека
Брендираме разновидни типови на текстил и облека за најразлични клиенти и специфични потреби. Од памучни или dri-fit маици, спортски дресови и клупска опрема, до разновидни персонализирани маици и дуксери. Вршиме печатење на униформи за работа на компании од секаков тип. Без оглед дали се работи за фудбалски клуб, пекара или градежна компанија, ние ги следиме и остваруваме сите ваши желби и потреби.

Персонализирани производи
Персонализирани единечни производи по повод Свети Валентин, 8 Март, Нова година или роденден – ние ве имаме покриено! Персонализирани чаши и филџани, перници, платнени торби и сложувалки со ваша фотографија, може да одговориме на сечија желба и барање, без оглед дали се работи за реална фотографија или некоја графичка апликација. Секогаш кога ќе помислите на нешто посебно за да ги изненадите вашите сакани и блиски, тогаш нека Цвејо ви биде првата асоцијација за тоа.

Печатење за посебни настани
Листата на производи е долга, од свадбени покани, до „Thank you-картички“ за родендени, мекици или други свечености, кутии за подароци или мали кутии за „Среќни чекорчиња“, персонализирани топери за торта, фото-книги, менија за еднократна или повеќекратна употреба и безброј други изработки – ќе ви излеземе во пресрет со печатење и во најделикатната ситуација и настан, за заеднички да го креираме вашиот совршен персонализиран производ, корпоративен подарок или предмет од секојдневието со личен допир.

Зошто да го изберете Цвејо?
Да изберете соработка со нас значи да направите избор на квалитет, сигурност и креативност. Ова се само неколку од причините со кои се издвојуваме

Прилагодени решенија
Ние соработуваме со вас за да создадеме промотивни материјали кои совршено се усогласуваат со визијата и целите на вашиот бренд.

Резултати со висок квалитет
Од живописни бои до остри детали, нашите техники за печатење даваат извонредни резултати на секој материјал.

Широка палета на производи
Без разлика од која индустрија доаѓате или каков настан подготвувате, ние нудиме разновиден избор на артикли за да ги задоволиме сите ваши потреби.

Брза и сигурна услуга
Знаеме дека времето е најдрагоцениот ресурс, па затоа ги разбираме тесните рокови и секогаш се обидуваме вашите промотивни материјали да се испорачуваат навреме.
Контактирајте нè
За етикети
078 214 540
За останати услуги
078 214 578
cvejo2002@yahoo.com
Адреса
Ленинова 124, Струмица