Кога клиентите имаат барања за брендирање на промотивни материјали, многу често не го земаат во предвид фактот дека ако некој дизајн изгледа добро на едно место, не значи дека истиот ќе изгледа подеднакво добро и на друго место.
При брендирање на материјалите треба да се земат во предвид неколку клучни моменти:
- дали дизајнот ќе биде доволно видлив?
- колкава е големината на просторот за брендирање?
- дали е возможно да се печати на просторот кој сакате да го брендирате?
- дали и колку бои можат да се искористат?
- која техника ќе треба да се примени за брендирањето?
Кога ги си ги поставиле сите овие прашања најнапред, тогаш речиси секогаш крајниот производ ќе изгледа одлично и квалитетно.